Најновата мерка на Владата „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“ или популарно наречена „Рурална жена“ со која се добива грант од 3000 евра наиде на голем интерес кај земјоделците во државата.
Вчера во просториите на Општина Неготино се одржа инфо ден во организација на Платформата за информации од агрокомплексот и агроберза – АГРОТИМ.
На присутните земјоделки и земјоделци од неготинско, за условите и критериумите при аплицирање за мерката, зборуваа претставниците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.