Вчера во 07:13 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во објект на поранешна фабрика на улицата „Карпалак“ во Прилеп е пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж од Прилеп, кој бил ангажиран како обезбедување во стражарската куќичка.
Лекар од Итната медицинска помош Прилеп констатирал смрт, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.
Според првичните информации, на телото не биле забележани траги на насилство.
