С.Р. од гостиварското село Дебреше вчера попладне пријавил дека во шахта го пронашол починат неговиот вујко.
-С.Р. пријавил дека во шахта лоцирана во куќата на неговиот братучед го пронашол починат неговиот вујко А.Џ.(75). Извршен бил увид на местото на настанот од страна на јавен обвинител и криминалистичка полиција од Гостивар, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
