Маж прегазен од „џип“ на регионалниот пат Гостивар – село Вруток

Вчеравечер, во 23.30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Гостивар – село Вруток, во село Здуње, патничко моторно возило „џип“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот З.С. од гостиварски Вруток, удрило во 61-годишниот А.Ш. од гостиварско Врбјани, извести МВР.

„Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од Медицински центар Гостивар“, соопшти МВР.

Увид извршила екипа од ОВР Гостивар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e