Масовна тепачка во центарот на Прилеп – Полицијата наполни цело комбе! (ФОТО)

Масовна тепачка помеѓу две поголеми групи се случи вечерва во 1:30 часот по полноќ во строгиот центар на Прилеп, кај Реклами.

Поради засега непозната причина, двете групи најпрво се судриле зад бизнис центарот, а потоа тепачката ескалирала на булеварот “Гоце Делчев”, пред очите на стотина очевидци.

Полицијата пристигнала со повеќе возила на лице место, при што според очевидците со удари се здобиле и дел од полицајците кои интервенирале во тепачката.

20987849_10212100859588228_1477681347_n

Но, случувањата тука не престанале. Откако полицијата привела неколкумина, едно лице започнало да тропа по полициското комбе, барајќи да се ослободи некое од приведените лица и со остри зборови да се обраќало кон полицајците. Истото потоа се дало во бегство, а во филмска бркотница подоцна и тој бил приведен.

20979692_10212100859428224_920253281_n

Причините за оваа масовна тепачка, која го блокирала и целиот сообраќај, засега остануваат непознати.

Извор: Маркукуле

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e