Победничка атмосфера во Штип. Градот под Исарот и целиот македонски исток вечерва прати силна порака, напредокот на земјата мора да продолжи.
Прогресивните политики значат грижа за секого и подобар европски живот во нашата држава.
– СДСМ ја одбра страната на работниците, платите денеска се поголеми за 300 евра во просек. Во мојот втор мандат како премиер просечната плата ќе биде 1.000 евра, а минимална плата 600 евра. Граѓаните ги препознаа позитивните политики на Владата предводена од СДСМ, затоа на 8 мај ќе имаме нова победа и нова Влада предводена од СДСМ, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва од Штип.
– Со концептот на СДСМ, граѓаните ќе имаат повисоки плати и пензии, повеќе инвестиции, подобро платени работни места, повеќе пари назад кај граѓаните. Ветивме дека просечната плата ќе биде 500 евра, до 2024, тоа ветување го надминавме, денес просечната плата изнесува 650 евра. Тоа е за речиси 300 евра повеќе од време на ВМРО ДПМНЕ. Во време на СДСМ минималната плата со последното усогласување ќе биде над 22.500 денари. Во време на ДПМНЕ изнесуваше 8.000 денари. Ние ја одбравме страната на работниците, и создадовме системско решение на овој предизвик, еднаш за секогаш, посочи Ковачевски.