Македонец со камион прегазил пешак во Србија и избегал

Маж од Струга е уапсен во Србија под сомнение дека вчера прегазил пешак во Лесковац, кој починал на лице место.

Стружанецот Н.К. (33) е приведен по налог на Основното јавно обвинителство во Лесковац, по сомнение дека синоќа управувајќи камион „Волво“ го прегазил пешакот Г.П. (57) од Грделица. Несреќата се случила на автопатот Врање – Лесковац, кај исклучувањето за Грделица, а пешакот починал веднаш на местото на несреќата.

Според информациите, осомничениот не застанал, туку побегнал од местото на трагедијата.

Српските медиуми пренесуваат дека тој бил уапсен 320 километри подалеку, во близина на Сремска Митровица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e