Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, но по наместа коловозите се влажни, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.
Намалена видливост поради магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на правците Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес, додека видливоста од 100 до 150 метри е намалена на патиштата Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија.
Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во сите возила, без оглед на моменталните временски услови, а обврската ќе важи до 15 март 2026 година.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси за влез и излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Вниманието е особено препорачливо на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Поради сезонски режим на сообраќај, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е затворен за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.
