Од Министерството МВР за „Слободен печат“ потврдија дека станува збор за лицето Б.П., кое било затекнато како извршува обред, и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Необичен инцидент се случил на гробиштата во скопската населба Ѓорче Петров, кога полициски службеници легитимирале човек што изведувал верски активности за време на празникот Задушница.
Од Министерството МВР за „Слободен печат“ потврдија дека станува збор за лицето Б.П., кое било затекнато како извршува обред, и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На социјалните мрежи веднаш се појавија сведоштва и коментари дека човекот бил облечен во свештеничка мантија, држел кандило и нудел да „пее“ за покојници, но очигледно не бил вистински поп.
Кога пристигнала полицијата, неколкумина полицајци го привеле, а посетителите на гробиштата останале збунети.
Од МВР не откриваат повеќе детали, само велат дека случајот се расчистува.
„На 01.11.2025 на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје, постапувајќи по претходна пријава, од страна на полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров легитимиран е Б.П., кој извршувал верски активности. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, изјавија од МВР за „Слободен печат“.
