Дилавер Бојку – Леку, познат осуденик за нелегална проституција во селото Велешта, Струшко, со куршум во глава беше убиен на плажа во Струга пред својата кафеана во близина на старата автобуска станица.
Пукањето се случило околу 17 часот пред посетителите на кафеаната на плажата Аква блу.
Со тешки повреди Бојку е префрлен во струшката болница. Од полицијата засега не соопштуваат детали, а во тек е формирање на полициски истражен тим кој ќе работи по насоките на обвинителот задолжен за истрагата.
Според последните информации, Бојку им подлегнал на повредите од огнено оружје во болница.