Кривопаланчанец натепал син на сопругата, син нападнал татко – Два случаи на семејно насилство во Крива Паланка

Два случаи на семејно насилство пријавени во кривопаланечката полиција.

На 10.03.2026 во 12:05 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Т.Д.(18) од Крива Паланка затоа што физички го нападнал неговиот татко.

На 10.03.2026 во 00:45 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Е.В.М.(49) од Крива Паланка затоа што физички нападнал 16- годишник, син на неговата сопруга.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e