СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ц.(30) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.
Пријавениот, спротивно на прописите за индустриска сопственост, без одобрение и лиценца од носителите на интелектуална сопственост, набавил фалсификувана текстилна стока и модни производи, кои се пронајдени на 01.08.2025 во возило кое го управувал.
