СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.А.(42) од Крива Паланка и правно лице од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.
При извршена контрола од Државен пазарен инспекторат и Царинска управа во продажен објект на второпријавеното правно лице било констатирано дека има изложено за продажба поголема количина на текстил и модни производи кои се означени со логотипи и визуелни елементи на регистрирани трговски марки, за кои првопријавениот не поседувал соодветна документација за потекло.
Од страна на овластени застапници на носителите на правата од интелектуална сопственост на облеката со трговски марки е извршена анализа и било констатирано дека запленетата стока е фалсификат и го повредува правото од индустриска сопственост.