Крива Паланка за 28. август ќе добие Православен крст над градот

Во Крива Паланка покрената граѓанска иницијатива за изградба на Православен крст над градот.
– Драги сограѓани,
Со љубов кон верата, традицијата и заедничката духовност, ја започнуваме иницијативата за изградба на православен крст на возвишението над Крива Паланка – симбол на нашата вера и заедништво.
Овој крст ќе биде место за молитва и духовен мир, белег на нашата општина за генерации што доаѓаат.
Според планот, осветувањето на крстот ќе се случи на големиот празник Успение на Пресвета Богородица – 28 август.
Сите кои сакаат да бидат дел од ова богоугодно дело можат да помогнат со донации, известија од општина Крива Паланка.

Упатија апел за донации:
Донирајте преку сметката на фондацијата „Со срце за Крива Паланка“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e