Општина Крива Паланка продолжува со поддршката на младите. Во тек е повикот за субвенции на студенти за набавка на дигитални уреди.
Право на аплицирање имаат сите студенти запишани на додипломски студии од прв циклус во учебната/академска 2024/25 година со адреса на живеење на подрачјето на Општина Крива Паланка.
Општината ќе надомести дел на трошоците за набавени уреди, во износ од 50% од цената, до 6000 денари субвенција.
Условите, критериуми и начин на аплицирање – достапни на општинската веб страна на следниов ЛИНК.