Крива Паланка објави географско-информациска апликација за општината

 На веб-страницата на општина Крива Паланка е поставена ГИС –апликацијата со која е овозможен пристап до дел од просторните податоци со кои располага преку веб-ГИС апликацијата.

Апликацијата претставува нов нов сервис за граѓаните за пребарување на потребните просторни информации.

-Апликацијата е достапна на https://gisportal.gdi.mk/visios/KPPublic, со соодветно упатство за користење и овозможува ГИС-податоците и содржините да се пребаруваат,  анализираат и презентираат. Во моментот се достапни податоци за урбанистичките планови, адреси, како и туристичката мапа на градот. Општината работи континуирано на зголемување на сетот на достапни податоци за корисниците, а наскоро ќе биде овозможена и форма за прибирање на податоци и комуникација со граѓаните, информира службата з акомуникација со јавност при Општина Крива Паланка.

ГИС апликацијата е основа за развој на концептот на „паметен град“ и претставува матица на сите просторни податоци со кои располага општината, овозможувајќи користење на гео-податоците како стратешки ресурс за планирање и развој. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e