Нови инвестиции за поубава Крива Паланка, најави првиот човек на општина Крива Паланка.
Денес Општина Крива Паланка потпиша два нови договори со Министерството за транспорт и врски, во вкупна вредност од над 122 милиони денари! Првиот се однесува на реконструкција на патниот правец Калин Камен – инвестиција вредна 61.162.320 денари, во функција на развој на туризмот и руралната поврзаност, додека вториот договор е за реконструкција на дел од ул. „Св. Јоаким Осоговски“ – од населба Единство до спој со државен пат, со изградба на атмосферска канализација – вредност 61.623.906 денари.
– Ова е уште еден голем чекор напред во нашата посветеност за квалитетна инфраструктура, безбедност, развој и подобар живот за сите граѓани. Продолжуваме – чекор по чекор, метар по метар, порача градоначалникот Сашко Митовски.