Крива Паланка и годинава покровител на петтото издание на фестивалот на детска песна” Распеано симитче 2019”

Наредниве два дена, односно вторник и среда 24 и 25 декември се одржува петтото издание на фестивалот на детска песна “Распеано симтче”.
Фестивалот е во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, а покровител и соработник е општина Крива Паланка, со логистичка поддршка од страна на НУ Центар за култура и ЛУ Градски музеј од Крива Паланка.

Годинава на детскиот фестивал ќе бидат изведени вкупно 15 нови песни од авторите Игор Трајковски, Снежана Николовска, Лариса Жуглина Митовски,Билјана Антовска,Гордан Спасовски, Анета Санев и Филип Додевски. Директор на фестивалот е Методиј Цветковски, а музички продуценти се Сашо Митковски и Игор Трајковски.

-Фестивалот годинава ќе се одржува два дена и тоа денес 24 декември се планирани три претстави, првата со почеток од 11.00 часот, втората со почеток од 14.00 и третата претстава од 18.00 часот. За среда (25.12.2019г.) планирани се две претстави со почеток од 12.00 часот и од 18.00 ч. Билетите за фестивалот можат да се набават на билетарницата во НУ Центар за култура-рече Директорот на фестивалот “Распеано симитче 2020”, Методиј Цветковски.

Градоначалникот на Крива Паланка,Борјанчо Мицевски е задоволен што градот несомнено прераснува во фестивалски град и во контекст на тоа изјави:

-Морам да кажам дека Општина Крива Паланка несомнено прераснува во фестивалски град со голем број на квалитетни фестивалски манифестации, кои траидиционално се одржувааат секоја година и затоа, како градоначалник особено сум благодарен, како на организаторите и поддржувачите, така и на публиката и јавноста која со голем интерес ги следи сите овие настани.

Со реализацијата на овој фестивал на детска песна, ја збогативме и културната понуда на градот, а целата која ја постигнуваме, е созадавње на еден нов формат на музичко изразување кај најмладите генерации, како и создавање на сцена за нивен јавен настап, со креирање на квалитетни културни навики на кривопаланечката публика, која со нетрпение и голем интерес го следи ова несекојдневно музичко збиднување во нашиот град. А воедно, на младите учесници изведувачи на песни, им даваме можност за прв настап на сцена и создавање на први искуства во тој поглед.

Крива Паланка е град кој веќе долги години е препознатлив по симитот како и по фестивалот “Распеано симитче”. Веруваме дека годинешниве песни кои ќе произлезат од фестивалот ќе станат вистински детски хитови кои ќе бидат запаметени низ целата држава, а не само во Крива Паланка.

Фестивалот на детска песна “Распеано симитче”оваа година ќе претстави 15 песни за кои ќе биде издадено и аудио издание-ЦД кое ќе биде пуштено во продажба, се со цел поголема медиумска презентација на истите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e