Транспаретно, преку видео презентација, општина Крива Паланка на јавен увид го претстави предлог концептот за зонско паркирање со кое ќе се создадат услови за паркирање онолку колку што е потребно, без непотребни задржувања.
Најважни поенти од зонското паркирање се:

Повластена карта за жители во зоните од 300 денари месечно

Повластена карта од 1000 денари месечно за вработени во деловни субјекти во зоните на опфат

Повластена карта од 200 денари дневно и 3000 денари месечно за сите зони

1000 денари годишно за жители на резидентни улици

20-50 денари по час во зависност од зоната и ограничување на максимален број на часови зависно од атрактивноста на зоната

Достава на роба секој ден од 06-09ч. и од 17-21ч.

Зимско работно време од 07-16ч. и сабота од 08-15ч.

10 минути дозволено запирање на обележано паркинг место

Недела и државни празници бесплатно
Деталите погледнете ги во видео презентацијата. Вашите коментари и сугестии можете да ги упатите во inbox на фан страницата на Општина Крива Паланка.