Крива Паланка наскоро ќе добие нова катна гаража лоцирана кај градскиот пазар и покриен зелен пазар.
– Градежните работи се во напредна и финална фаза на првиот мултифункционален објект со кој градот добива катна гаража со 166 нови паркинг места и покриен градски зелен пазар, инфромира градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски кој сподели и фотографии од новиот објект на оваа локација.