Крива Паланка добива бесплатни „Wi-Fi“ зони

Општина Крива Паланка започнува со реализација на проект за обезбедување на бесплатни „Wi-Fi“ зони на одредени јавни простори (плоштади, паркови, библиотеки, музеи и училишта) обезбедувајќи им на жителите и посетителите бесплатен и квалитетен пристап до интернет. За таа цел, денес од страна на стручните служби, е направен увид за проценка за најсоодветните локации во локалната заедница, за инсталација на „Wi-Fi“ мрежата која треба да обезбеди стабилно покривање, сигурни перформанси и највисок можен квалитет на услугите за крајните корисници во општина Крива Паланка.
Градскиот плоштад во Крива Паланка, вклучително со паркот, како и ЛУ Градски музеј со дворното место, се избраните локации каде ќе се инсталира бесплатна „Wi-Fi“ мрежа за корисниците, кои ќе имаат можност за сигурен пристап до интернет и нивна подобра комуникација, учење и можна работна средина што ќе ги поврзува со регионот и светот.

Овој проект насловен како „Инцијатива WiFi4WB“ се реализира со поддршка од Европската унија преку планот за Западен Балкан, односно „Wi-Fi“ за Западен Балкан, а Крива Паланка е една од 60-те општините во државата, каде што ќе се имплементира иницијативата.

Поконкретно, Инцијативата WiFi4WB е дел од Планот за раст и поттикнува дигитална трансформација како клучен двигател кон регионална поврзаност. Иницијативата се спроведува преку програмата EU4Digital Action, која е финансирана од Европската Унија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој (BMZ), а е имплементирана од страна на Германската агенција за меѓународна соработка (GIZ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e