Крива Паланка доби нов парк и мурал

Општина Крива Паланка е позната по уредувањето на јавните површини под зеленило и со право важи за еден од градовите со најголеми зелени површини во Македонија. Таква е приказната и со новиот парк кој се наоѓа на почетокот на самиот пат кој води кон нашиот бисер, манастирот Св. Јоаким Осоговски.

20241202_110332

Паркот е дело на невладината организација Центар за младински иницијативи ЦИК – ЦАК од Крива Паланка, која во рамките на проектот “Од младите со срце за Крива Паланка” и со помош на околу 20 млади волонтери го разубавија овој дел од градот. На локацијата се уреди парк на површина од 230м2 со поставување на урбана опрема, клупи и канти за отпадоци, а дополнително посадени се и дрвца за разубавување на амбиентот.

20241119_124937

Целта на проектот е на градот да му се даде еден нов лик преку уредување на запуштени површини, но и ширење на нов тип на уметност, сето тоа преку младинско волонтерско учество.

На самиот локалитет, младите волонтери, предводени од уметникот Роберт Цветковски, изработија и мурал од 50м2,  чија цел е да ја прикаже разликата во квалитет на живот помеѓу живот со зачувана природа наспроти тешката индустрија со која секојдневно живееме.

Во рамките на проектот се спреведе активност и за значајноста на волонтерството и значајноста за активното вклучување на младите во активностите кои придонесуваат кон развојот на општеството.

20241127_131151

За жал во период на ниски температури, сега засега, не можеме да се радуваме на живоописната трева, но, со нетрпение ја очекуваме пролетта и овој парк да прерасне во, како што велат од организацијата, вистинско младинско катче.

На крај, на волонтерите, од страна на организацијата им се поделила благодарници за учество во проектот.

20241127_131637

Проектот се спроведува во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот “Од младите со срце за Крива Паланка” е кофинансиран од Општина Крива Паланка.

За повеќе информации во врска со проектот ReLOaD2 можете да најдете тука.

logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e