Во пресрет на светскиот Ден на здравјето 7 април, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски го посети Здравствениот дом во Крива Паланка.
– Нашите чувари на здравјето, медицинските работници се битна алка на едно општество кои го обезбедуваат квалитетниот живот на граѓаните, порача тој и дополни:
Здравствениот дом во Крива Паланка се збогатува со дополнителна опрема, со нов мамограф, дигитален рендген и гастроскоп.
– Мора да се создаваат услови во здравството за враќање на нашите лекари, тоа е приоритет, само моделот на европски плати и плански специјализации и субспецијализации е вистинскиот пристап кон унапредување на здравствениот систем и градење на здраво општество, дециден е Николовски.
Токму Љупчо Николовски, важи за човек кој изминативе години со сета своја хуманост и желба да помогне, не ги двоеше своите сограѓани ниту по партиска или по друга основа, кога било кој паланчанец има потреба од каква и да е помош, поврзана посебно со своето здравје. Дали е преку ден, дали доцна во ноќта, секој од него добиваше брза и безрезервна помош и поддршка.