Костадинов до “Курир”: Приказната за мене и Даскаловски нема да ви помине

Сега вака,
Го читам текстот на “Курир” каде што во еден дел пишува дека односите помеѓу мене и мојот претседател Даскаловски биле влошени. Приказната нема да ви помине тоа е прво, од причина што односите помеѓу мене и Даскаловски никогаш не биле посилни, по суштински, поискрени. Напротив ние сме партија со силни демократски вредности и тоа на дело го покажуваме и јас, а и Даскаловски. Ние отворено дискутираме за сите прашања и заеднички ги решаваме. Обидот за да продадете приказна на раздор во нашата општинска организација е очаен и незначаен. Разбирам дека паниката пред локалните избори од уште еден изборен пораз е голема, имате проблем затоа што СДСМ ОО Струмица е кадарна партија и располага со луѓе кои народот ги сака и почитува. Општинската организација на СДСМ Струмица била е и ќе остане поим за тоа како се работи во функција на граѓаните.
Јас и Даскаловски и секој еден член од нашата организација ќе се бориме за доброто на народот, а не за личните интереси, затоа што знаеме дека единствени и сплотени го победувавме злото кое беше надвиснато над нашата држава цели 11 години.
Тоа сме ние, такви и ќе останеме ПОБЕДНИЦИ.
Ви чинело тоа вас или не, ние нашата работа совршено добро и координирано ја работиме.

Костадин Костадинов – в.д градоначалник на општина Струмица

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e