Од ЈП Комуналец Крива Паланка со известување за поместување на возила од тротоари во зимскиот период.
– Ги известуваме сите сопственици на моторни возила дека со почеток на зимскиот период и очекување снежни врнежи потребно е да ги отстраните своите возила од тротоарите и сите јавни површини кои се користат за движење на пешачите и за зимско одржување, се наведува во нивното известување до граѓаните на Крива Паланка.
