Општина Крива Паланка денес го слави Денот на ослободувањето, 8 Октомври.
По тој повод синоќа на свечена академија на која беа врачени највисоките општински награди и признанија за 2022 година.
Наградата “8 Октомври” како највисоко општинско признание за особени постигнувања од значење за развојот на општината и нејзина афирмација во Република Северна Македонија и светот е доделена на г-дин Ненад Коцевски, за особени заслуги во афирмацијата на Крива Паланка, поддршка на спортот,културата, здруженија и поединци од неговиот роден град. Истакнат хуманист и добротвор, пример за кривопаланечката дијаспора.
“Признание за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на Општина Крива Паланка“ беше доделено на Д-р Венко Филипче, неврохирург, за посебни заслуги за поддршка на здравството и здравствените работници од Крива Паланка, за успешна соработка со здравствениот дом од нашиот град и негово унапредување, особено во услови на Ковид-19 пандемијата.
Во чест на празникот, 8 Октомври, доделени беа плакети за посебни заслуги и придонес во развој на општината на:
-Министерот за локална самоуправа г-дин Горан Милевски,
-Г-дин Благој Бочварски, Министер за транспорт и врски,
-Г-дин Фатмир Битиќи, вицепремиер задолжен за економски прашања и инвестиции,
-Г-ѓа Јована Тренчевска, Министерка за труд и социјална политика,
– Општинска организација Црвен Крст ,Крива Паланка,
– г-дин Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт на РС Македонија, -Казнено поправна установа Затвор-Куманово,
-Г-дин Митко Трајчулески, Државен секретар во министерство за транспорт и врски,
-Г-дин Ејуп Рустеми, директор на јавното претпријатие за Државни патишта,
Г-дин Драган Величковски, директор на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка и
-Г-дин Рамиз Реџепи, директор на Биро за регинален развој, сите за добра соработка и поддршка во имплементација на многу проекти со кои Крива Паланка низ годините се развива.
Општина Крива Паланка додели и плакети за посебни заслуги и придонес во афирмација на општината за 2022 година, на паланчани кои творат и создаваат тука, во својот роден град, но и ширум светот:
-Мери Акиевска- светски шампион во боидбилдинг и фитнес,
– Др.Сања Латкоска,дерматолог, лидер во естетската медицина со „Скинфинити“, пример за успешен ескперт во областа,
– Жаклина Герасимовска, бренд менаџер на „Вивакс“ ДОО, секогаш со поддршка на настаните со најмладите од Крива Паланка,
-Андреј Јакимовски, кошаркар во сениорската репрезентација на РС Македонија, голем спортски репрезент на градот и државата,
-Бобан Јосфиовски, директор на детски фестивал „Златно славејче“,секогаш добротворно ги збогатува сите детски манифестации во општината;
-Наум Михајловски, филмски режисер, дизајнер и директор на видео игри студиото „Tie Dye“; играта што беше прво место на светските листи, а Михајловски е дел и од македонска пица репрезентација што на светско првенство-освои бронза,
-Сашо Митковски, композитор и музичар од Крива Паланка-со бројни хитови, низ неговата школа минале многу млади музички таленти,
-Гордан Спасовски, џез пијанист, композитор и аранжер со светски турнеи и придонес во новата џез-кутлура на државата;
-Кошаркарски клуб „Крива Паланка“, расадник на стотици млади таленти од градот, гордо ги бранат боите на клубот и државата, во репрезентациите во сениорски и младински евроспки првенства;
-Ана Стојановска, национален шампион во пинг-понг од градот, сениорска репрезентативка;
-Лина Рангелова, ученичка во СОУ „Ѓорче Петров“, младински активист;
– Валентина Тасева, извршна директорка на „СЕМОС едукација“, дел од Фондација „Со срце за Крива Паланка“, поддржувач на младите и спортот од градот, донатор на стипендии за млади ученици и pro bono едукации и курсеви, -Ангела Николовска, пијанистка што веќе ги полни концертните сали низ државата и Европа;
– Карате клуб „Шампион“, Крива Паланка, спортски промотори на млади таленти и врвни карате-шампиони.
На свечената академија настапија Александар Митевски, Драган Спасов-Дац, Росана Сариќ-Тодоровска, КУЗ „Распеани паланчани“ и НА „Танец“.