Актуелниот градоначалник на Крива Паланка и кандидат за уште еден мандат Сашко Митовски најави сет мерки за пензионерите од градот.
Ќе има финансиска поддршка за оваа категорија на граѓани, субвенции за купување дрва, како и организирани екскурзии за пензионерите.
-Секоја генерација ја гради иднината на следната. Денес, на ред сме ние да се погрижиме нашите постари сограѓани да живеат мирно, безбедно и со почит. Овој сет мерки од новата изборна програма е насочена токму за пензионерите. За достоинствен, мирен и подобар живот за сите пензионери, порача Митовски.