Градоначалникот на општина Крива Паланка Сашко Митовски заедно со својот тим започнува со средби низ сите населени места во Општина Крива Паланка!
– Сакаме директно да Ве слушнеме, да ги споделиме идеите и заедно да креираме решенија за поубава иднина на нашата општина! Погледнете го распоредот на средби и изберете го датумот и локацијата што Ви одговара. Ќе бидеме во секое маало, секое село, со секој човек. Време е да зборуваме отворено, искрено и со почит, вели Митовски.
Заедно, од идеја до успех – за поубава Крива Паланка!