Каранфилова-Пановска: Време е за промена, Куманово заслужува повеќе со Мартин Костовски

Од трибината во Куманово, заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска упати јасна порака, време е за промена, време е Куманово да добие нова енергија и вистинско раководство.

„Куманово заслужува многу повеќе. Време е да го поддржиме човекот кој има визија, искуство и искрена посветеност, Мартин Костовски,” изјави Каранфилова-Пановска, истакнувајќи дека кандидатот на СДСМ е единствениот што нуди реални решенија за вистинските проблеми на граѓаните.

Таа потенцираше дека промената започнува со човек кој не е зад канцелариска маса, туку меѓу луѓето.

„Тој не е човек од канцеларија, тој е човек на народот. Чесен, вреден, посветен. Со него на чело, Куманово ќе оди напред, а не назад,” порача Каранфилова-Пановска.

Во својот говор, остро се осврна на состојбата во општината под актуелното водство на Максим Димитриевски.

„Максим Димитриевски го претвори Куманово во касаба. Наместо развој, запуштени улици, нефункционални услуги, пропуштени можности. Ветувања имаше многу, резултати, нула. Сликите за социјални мрежи не можат да ја сокријат реалната слика на застој и разочараност,” нагласи таа.

Заменик претседателката се обрати и до разочараните членови на ЗНАМ:

„Драги Знамовци, вие не го изневеривте СДСМ, ЗНАМ ве изневери вас – вратете се дома!”

Каранфилова-Пановска упати критики и до централната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека нивното владеење е синоним за неспособност, корупција и назадување.

„Помина третина од нивниот мандат , и што добивме? 8 милијарди евра долг, поделби, блокади, младите си заминуваат, пензионерите едвај врзуваат крај со крај. Наместо решенија, кризи. Наместо развој , расипништво,” рече Каранфилова-Пановска.

На крајот од своето обраќање, таа упати јасен повик: „Затоа, гласаме за број 5, гласаме за СДСМ, гласаме за Мартин Костовски. Куманово заслужува многу повеќе и Куманово ќе добие повеќе со победата на Мартин. Се бориме за нашиот дом, се бориме за Куманово!”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e