Вчера од 17:10 часот магистралниот пат Деве Баир – Крива Паланка кај место викано Самоков беше во прекин за сите возила во двата правци поради собраќајна незгода. Товарно моторно возило излетало од патот и на самоиот пат имаше расврлани метални предмети кои ги превезувало, извести АМСМ.
Детали за несреќата се очекуваат од МВР во текот на денот.