(ВИДЕО) Јакимовски: Ветивме и реализиравме реален, остварлив, социјален и развоен Буџет кој ги опфати потребите на секој жител на Општина Кр.Паланка

Пресконференција, Никола Јакимовски, заменик градоначалник на Општина Крива Паланка.

Денешната прес конференција е по повод усвојување на завршната сметка на Општина Крива Паланка за 2023 година од страна на советниците на СДСМ и коалицијата. Буџетската 2023 година е најуспешната година во историјата на Општината.

По однос на приходите на Општина Крива Паланка би сакал да истакнам дека реализацијата на вкупниот Буџет на приходи изнесува 476.271.730 денари или високи 87% реализација.

Овој износ е поголем за 75.000.000 денари во споредба со 2022 година. Тука ќе напоменам дека даночните приходи се во износ од 55.000.000 денари, со 99% на реализација и за 12.000.000 повисоки од 2022 година. Додека, Неданочните приходи се во вкупен износ од 30.656.000 денари со 176% на реализација од
предвиденото. И овие бројки се за 14.000.000 повеќе од 2022 година. Наведените приходи се резултат на зголемени приходи од уредување на градежно земјиште за 100 % во однос на 2022 година, како и завршен огромен број предмети за безправно изградени објекти.

По однос на РАСХОДИТЕ на Општина Крива Паланка, бележиме највисоката реализација на вкупни расходи во историјата на Крива Паланка во износ од 475.266.229 денари или високи 87 % на реализација. Овој износ е за 75.000.000 денари повисок од 2022 година. Овие бројки значат целосна реализација на над 10 програми со сите предвидени активности.

Ако 2022 година до сега важеше за најуспешна година на Општината, сите горенаведени факти и бројки се вистински показател дека 2023 година е најуспешната година до сега. Да не заборавиме дека 2023 година беше година на природни непогоди кои донесоа дополнителни непланирани трошоци. Сепак, со успешно менаџиравме на општинскиот Буџет истите беа надминати.

Кога станува збор за Буџет кој ги отсликува потребите на сите категории на граѓани, ќе нагласат дека:
– за субвенции и трансфери се издвоени 17 милиони денари или 70% на реализација со повеќе од 5 милиони денари споредено со 2022 година,
– Социјалните бенефиции изнесуваат 1.532.000 денари со реализација од 99% или двојно повеќе од било која претходна година.

-Со програмата за Спорт се издвоени 2.224.000 денари, 100 процентно реализирани што е двојно повеќе од 2022 година додека
-По програмата за култура се издвоени 13 милиони денари.

Капиталните расходи ја отсликуваат успешноста и развојот на општината. Во оваа област бележиме историски највисок износ на вложување- 88.000.000 денари.
Овој износ е за 26.000.000 денари повисок од 2022 година, додека е двојно поголем споредено со било која претходна година.
Капиталните расходи значат реализирани проекти насочени кон подобри услови за сите граѓани.Меѓу кои се:
-Изградба на:

-локален пат Село Кркља 12.000.000 денари
-канализациона мрежа во Мождивњак во износ од 3.00.000 денари
– регулација на Домачки Дол во износ од 4 милиони денари
– изградба на улица Ристена Гогова 2 милиони денари
– изградба на пешачка патека и тротоари во износ од 3 милиони денари
– атмосферска и фекална канализација во населба Баглак во износ од 3.500.000 денари
– изградба на детски игралишта во износ од 3 милиони денари
– иградба на пам трака 4 милиони денари
– изградба и реконструкција на улица МАкедонска, Баглачка и Климент Охридски во износ од 10 милиони денари
– реконструкција на 6 улици во Населба Илинден во износ од 14 милиони денари.
– вложувањето во проектирање по сите основи изнесува високи 5 милиони денари а за урбанистичко планирање се вложени 1.200.000 денари.
Ова се само дел од проектите што беа реализирани и се видливи за граѓаните.

Почитувани,
Вкупниот Буџет за 2023 година кој што го ветивме пред граѓаните изнесуваше 464 милиони денари а годината ја завршивме со повеќе од 475 милиони денари што значи дека нашите ветувања пред Вас ги реализиравме со над 100%.
Ветивме и реализиравме реален, остварлив, социјален и развоен Буџет кој ги опфати потребите на секој жител на општината.

Чест ми е да најавам дека 2024 година ја почнуваме со планиран Буџет од 522.809.000 денари што е само најава за градежна офанзива и нови капитални проекти за раст и раазвој на Крива Паланка.
Остануваме силно посветени на идејата за развиена, модерна, урбана и Европска Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e