Известување од општина Крива Паланка: Пазарните тезги ќе бидат дислоцирани

Општина Крива Паланка започнува со реализација на важен инфраструктурен проект – поставување на монтажно-демонтажен објект, катна гаража на локацијата кај градскиот пазар. Овој проект е директно насочен кон решавање на проблемот со просторното паркирање во централното градско подрачје и подобрување на сообраќајната функционалност. Поради започнување на градежните активности, пазарните тезги ќе бидат привремено дислоцирани на паркингот пред градскиот пазар, известија од локалната смапуправа.
Дислокацијата ќе започне по Велигденските празници, на 22 април 2025 г., а пазарот ќе функционира непречено, веќе од следниот пазарен ден – сабота, 26 април 2025 г.
– Средствата за реализација на проектот се обезбедени преку Владата на Република Северна Македонија и Министерството за транспорт и врски, од Програмата АА – за инфраструктурни проекти во општините. Ве молиме за разбирање и трпение за време на градежните активности. Заедно градиме помодерна и пофункционална Крива Паланка! – порача градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e