Хорор во Липково: Малолетно девојче жртва на силување и закани од група од 17 лица

Полицијата во Куманово спроведува истрага за сомнежи за сексуална злоупотреба и незаконска употреба на интимни материјали на 16-годишно девојче од село во Општина Липково.

Според информации на Алсат, повикувајќи се на извори од полицијата, во неформални околности било дознаено дека малолетничката со месеци била изложена на злоупотреба од страна на повеќе лица, со цел остварување сексуални и финансиски придобивки. Осомничените лица се на различна возраст. Во рамки на случајот, едно лице е лишено од слобода, додека за идентификација на останатите сè уште се преземаат истражни дејствија.

„На 2 јануари, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 31-годишниот Н.А. од село Слупчане, Општина Липково, поради основано сомнение дека упатувал закани кон малолетно лице, условувајќи го дека ќе објави експлицитни фотографии доколку не му бидат дадени пари“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според досегашните сознанија, во случајот се доведуваат во врска најмалку 17 лица. Пријавата, според неофицијални информации, ја поднел таткото на малолетничката, жител на село во Општина Липково. Се наведува дека злоупотребата и условувањето за финансиски интереси се случувале од јуни минатата година, а истрагата сè уште е во тек.

Од МВР посочуваат дека, согласно Кривичниот законик, за кривични дела поврзани со сексуална злоупотреба, уцена и искористување на малолетно лице е предвидена затворска казна до 10 години, при што построги санкции се пропишани доколку делото е сторено од група лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e