Хорор во Кавадарци: Маж се обидел да избоде дете во парк

Приведен бил кавадарчанец кој со остар предмет им се заканувал на сограѓанин и малолетник, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа во 23:25 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода Д.С., на возраст од 29 години. Околу 22:30 часот, тој се обидел со остар предмет да го нападне А.И., 29-годишно лице од Кавадарци, по што околу 23:10 часот во парк во градот, пред повеќе малолетници, со остар предмет се заканил на еден малолетник, појаснуваат од СВР – Велес.

Д.С. бил задржан во полициска станица, а предметот бил пронајден и одземен. Известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот, како што се истакнува, против Д.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e