Хит изјава на Ром од вчерашните протести: Ние кои возиме без возачка дозвола, возиме многу подобро од тие кои положиле

Ние кои возиме без возачка дозвола, возиме многу повнимателно од тие кои положиле! Плати 1.000 евра и положен си! Значи не си положил ти, прасето полжило, пред камерите на регионалната телевизија М Нет порача Ром кој протестираше вчера во Штип.

Тој и останатите присутни на протестот бараат да бидат изземени од законската обврска за полагање на возачки испит, бидејќи тврдат дека се неписмени, но и немале пари за полагање, а и тврдат дека знаеле одлично да возат.

-Дваесет години возам, а не сум школуван! И што сега?-праша еден од присутните.

Вчера во повеќе градови беа организирани протсети од Ромското население, и тоа со блокирање на патишта и палење на гуми, бидејќи поради измените во Законот за сообраќај, им се одземаат возилата на оние кои немаат положено возачки испит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e