Граѓанското Здружение „Хендикеп Плус“ бара поголема вклученост во јавниот живот на Штип

Здружението „Хендикеп плус“ во соработка со Општина Штип започнуваа со проектот „Заедно за инклузивна општина“. Овој проект изминатиот период успешно се реализираше и во Крива Паланка.

Бранкица Димитровска од Здружението „Хендикеп плус“ изјави дека целта на проектот е насочена кон обезбедување на социјални промени во Општина Штип, а иницирани од лицата со попреченост за потранспарентно, одговорно и инклузивно владеење на локално ниво.

-Општина Штип е втора на којашто Статутот ќе биде со гестовен јазик за глувите лица, а сега ќе го прикажеме и во аудио-визуелна форма, а исто така во другиот дел од проектот се планира Статутот да биде на Брајово писмо – писмото за слепите лица. Сакаме да кажеме дека пристапноста не се само рампите до институциите, туку и пристапноста до документите, до Статутот, вели Димитровска.

Таа додава дека лицата со попреченост треба да бидат вклучени и во донесувањето на одлуките, меѓу кои и кога се прави буџетот на Општината.

Проектот се финансира преку Програмата за развој на Амбасада на Бугарија.

На настанот во Штип присуствуваше и амбасадорот на Бугарија, Жељаско Радуков, кој изјави дека оваа Програма обезбедува средства за реализација на проекти за лицата со посебни потреби, но и за реконструкции на училишта, градинки и други објекти.

-Секоја година нашата помош преку Програмата за помош и развој изнесува околу еден милион евра. Овие пари се обезбедени за финансирање за различни проекти. Бидејќи сум нов амбасадор ова ќе ми биде прво соочување со реализацијата на оваа Програма, а наскоро ќе ги презентираме сите нејзини можности, вели Радуков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e