Градоначалникот на Крва Паланка Сашко Митовски најави градежен бум во општината.
-Со дела, реални проекти и вложувања што ќе остават траен белег во нашата Крива Паланка, најавувам градежен бум, градежна офанзива во општината во претстојниот период од годината за што ќе се инвестираат околу 180 милиони денари или близу 3 милиони евра за:

инфраструктура и локална патна мрежа;

спортска инфраструктура и детски катчиња;

социјална сфера;

енергетска ефикасност;

екологија, заштита на животната средина и бројни останати области, порача тој.
Во оваа, 2023 година само за локална патна мрежа, реконструкција и рехабилитација на улици ќе се вложат 121 500 000 денари:

15.000.000 денари за реконструкција и рехабилитација на локална патна мрежа во населба “Илинденска”:
– ул.”17-та Македонска ударна бригада”;
– ул.”Наско Тамбурков”;
– ул.”Димитар Влахов”;
– ул.”Чупино Брдо”;
-ул.”3-та Македонска ударна бригада ” и
-ул. “Ѓорче Петров “.

12.000.000 денари за изградба, реконструкција и рехабилитација на локални патишта во населба “Метролошка станица”:
– ул”Баглачка”;
– ул”Македонска”;
– ул”Климент Охридски”;
-ул” Осоговска”.

2.000.000 денари за
-ул”Кочо Рацин”.

3.500.000 денари за
“ул.Ристена Гогова”

12.000.000 денари за реконструкција на дел од главната улица од “Осчки Мост” до “Мотел Македонија”;

12.000.000 денари за локален пат во село Мождивњак, до Дубје

10.000.000 денари за локален пат во село Кркља;

15.000.000 денари за локален пат од село Огут кон село Нерав;

40.000.000 денари за проширување и рехабилитација на централна градска улица од “Соларски мост” до “нас.Единство”.

Над 50 милиони денари ќе бидат вложени во уредување на површини, проширување паркинзи, спортска и инфраструктура за млади и деца, енергетска ефикасност, екологија:

4.000.000 денари за уредување на пристапот на градскиот зелен пазар и проширување на просторот за паркирање;

3.000.000 денари се веќе инвестирани во фитнес зона на остворено на спортскиот комплекс, со инклузивни содржини
повеќенаменско спортско игралиште во село Мождивњак, м.в.Дубје;

600.000 денари за ново детско катче во населба “Единство”; 600.000

1.000.000 денари за детско катче во нас.”Метеорлошка”,

1.000.000 денари за ново детско катче во м.в “Болничка ливада”;

1.000.000 денари за изградба на детско катче;

1.000.000 денари за детско катче во нас “Илинденска”;

3.000.000 денари за поставување “Памп-трака” на спортскиот комплекс

Вложуваме во социјалната заштита, се грижиме за највозрасната категорија граѓани, а со инвестиција од 5.900.000 денари во 2023 Крива Паланка добива “Центар за дневен претстој на стари лица во просториите на ОО на Црвен Крст”
Вложуваме во подобрување на условите за работа,спорт и едукација во основните училишта:

7.300.000 денари во ООУ “Јоаким Крчовски”-зграда “Партизан” за:

заштеда на енергија со енергетски- ефикасна фасада и

обнова на спортскиот терен во ова училиште.

4.500.000 денари во ПОУ “Илинден” во село Конопница за уредување на спортскиот терен.
На подрачјето на Општина Крива Паланка ќе се изврши поставување на контролни часовници за регулирање на притисокот на водата за пиење, преку Министерството за животна средина и просторно планирање, инвестиција вредна 15.000.000 денари.
Заштита на животната средина е наш императив, вложуваме 3.000.000 денари за оспособување депонија за инертен отпад.
Градиме, создаваме, инвестираме, вложуваме, за ова наше родно место, нашата прекрасна Општина Крива Паланка да биде достојно и посакувано место за живеење, уредено и чисто, модерно и пристапно, за секој еден жител,од секое населено место од градот. И не запираме тука, ова е само дел од сѐ она на што неуморно работиме со општинските служби, администрацијата, со Советот на Општина Крива Паланка, со срце за Крива Паланка, дециден е Митовски.