Голем пожар во скопски Чаир: 100 лица евакуирани, 6 се во болница

Над 100 луѓе се евакуирани од зграда која утрово ја зафати пожар во скопската населба Чаир. Според неофицијални информации, од пожарот кој почнал во подрумските простории има неколкумина кои побарале лекарска помош поради вдишување чад.

Екипите на противпожарната бригада и на Брзата помош се на трен.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) само ја потврдија информацијата за пожарот велат дека на терен се излезени противпожарните екипи кои се обидуваат да се справат со огнените јазици.

– Од Противпожарната единица ќе пратат информација кога ќе завршат со акцијата – велат од ЦУК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e