Прес конференција,
Борче Георгиевски, претседател на ОО СДСМ – Гази Баба
Стајковци, 23.08.2017
Почитувани,
Jавноста, граѓаните, може да се уверат дека лажните вести за наводни кампови или станови за мигранти, што ги шири ВМРО-ДПМНЕ, немаат врска со реалноста.
Се наоѓаме во Општина Гази Баба, на потегот на патниот правец од Стајковци кон Црешево.
Овде ниту има станови, ниту има елементарни услови за такво нешто. Дополнително, Владата на Република Македонија, предводена од СДСМ не планира изградба на станбени единици за бегалци на територија на општината Гази Баба, затоа што Македонија е само транзитна земја за бегалците.
Сакајки да ја дефокусира јавноста за своите неуспеси во реализација на капиталните инвестиции и загубената поддршка од граѓаните, вчера и денес ВМРО-ДПМНЕ ги организира членовите за собирање потписи противисмислено населување мигранти.
Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ се гледа од овој документ од 2011 година, кој покажува дека тоа е предложено и потпишано токму од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
После 21 година локална власт во Гази Баба ВМРО-ДПМНЕ не може со измислување лажни вести да ја прикрие неспособноста на своите градоначалници.
Наместо дефокусирање на јавноста и лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори пред граѓаните на Гази Баба:
– Каде е ветената нова градинка во Стајковци, која до ден денес не е изградена?
– Зошто до денеска не е изградена ветенатата нова училишна зграда за ОУ Вера Јоцик?
– Зошто не е ниту започната реконструкцијата на ОУ Крсте Мисирков иако безброј пати е ветено?
– Зошто граѓаните од селата Раштак и Булачани ги оставија без вода ама и без фекална канализација во 21 век?
Ова се само дел од основните животни потреби на граѓаните на нашата општина. Факт е дека фекална канализација недостасува и во Брњарци, Страчинци, Виниче, Црешево, Смилковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија и Идризово,
На Гази Баба и треба комплетна гасификација, изградба на нови детски градинки, реконструкција и изградба на нови основни училишта, изградба на фекална канализација во сите рурални населени места во општината.
Решавањето на овие проблеми следуваат по промените на локалните избори, на коишто граѓаните на Гази Баба ќе изберат нова локална власт предводена од СДСМ.