На фотографиите кои се објавени од општина Крива Паланка се гледа дека градот го добива епитетот светско, а задоволните кривопаланчани горди дека живеат во најубаво украсениот град за новогодишните празници во државава.
-Оваа година одлучивме да го накитиме целиот град, не само плоштадот. Дел од украсите се веќе постоечки, но секако купивме и нови за да можеме да го украсиме цел град. Има куќички, за чие изнајмување веќе е објавен оглас, деновиве ќе почне и новогодишниот базар. Две години градот го красевме со донации, а оваа година новогодишното украсување е само со средства од општината. Издвоивме милион ипол денари од буџет на општина, посочи градоначалникот Митовски.
Навечер е како во бајка, раскошно украсен Градски плоштад, Градски парк и централно подрачје, со несекојдневни новогодишни украси, а на овие убавини освен најмладите кои најмногу се радуваат, секоја вечер новогодишната магија ги привлекува и повозрасните жители на градот но и пошироко.