Општинската организација на СДСМ од Крива Паланка, започна со отворање на месните штабови.
Денеска, кривопаланечките социјалдемократи ги отворија партиските штабови во Осичка маала и Маневци, месни одбори каде што уживаат огромна доверба од граѓаните, нешто што го покажаа и резултатите од предходните изборни циклуси.
Меѓу нив вечерва присуствуваше и членот на Централниот одбор на СДСМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
-Моите паланчани знаат дека само со СДСМ, Крива Паланка оди напред. Само со СДСМ североистокот се развива, и ќе продолжи да се развива. Заедно сме на вистинскиот пат. Во мојата Осичка маала и населба Маневци во позитивна и победничка атмосфера, потврдуваме! Одиме на двојна победа! – напиша на Фејсбук Николовски.