Електричен тротинет прегази 2-годишно дете во парк во Скопје

Вчера во 19.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во рекреативен парк Тоше Проески во нас.Ново Лисиче, електричен тротинет удрил во двегодишно дете од Скопје, по што лицето што го управувло со тротинетот го напуштило местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e