EГРИ организира работилница за заштита на македонската примитивна свиња во РМ

Граѓанскиот центар за одржлив развој ЕГРИ од Крива Паланка, како имплементатор на проектот Заштита на македонската примитивна свиња во РМ, финансиски подржан од ГЕФ Македонија, Програмата за мали грантови за 2017 год. организира работилница на тема „Биолошка разновидност на свињарството со посебен осврт на македонската примитивна свиња“.

На работилницата презентации ќе имаат проф. Д-р Владо Вуковиќ, од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје и д-р Васко Хаџиевски, проектен координатор. Презентација ќе има и г-дин Александар Стојковски, од с.Бајковце, Општина Ново Село, каде е формирана и првата фарма со матично стадо од македонска примитивна свиња во Македонија.                                            

Работилницата ќе се оддржи на 01.06.2018, со почеток во 14:00 во салата во ресторант Авлија, с.Жидилово, Крива Паланка, каде на лице место ќе биде претставена и првата пилот-фарма на г-дин Даме Ивановски од Крива Паланка.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e