Две жени-возачки се судриле вчервавечер во Куманово, завршиле со повреди

На 08.03.2026 околу 23:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Тоде Думба“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 28-годишната К.П. и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 29-годишната А.Н. од Куманово, а при тоа биле удрени и три паркирани патнички возила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.П., а со телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e