Две момчиња почнале да се дават – Инцидент при фрлањето на крстот во Вардар

На 19.01.2026 околу 12:30 часот на кеј на реката Вардар во Скопје, при одржување на верска манифестација по повод празникот Водици, П.А.(20) од с.Визбегово, скопско и Х.П.(27) од с.Сопиште, скопско, кои учествувале на манифестацијата и влегле во водата, почнале да се дават, по што од нуркачки тимови биле извадени надвор од водата и со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e