Двајца од Крива Паланка ќе одговараат кривично затоа што спречувале инспектори од АХВ да ги товарат кравите.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Ѓ.(58) и 17-годишник, двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
На 4 март 2026 година, во два наврати во населбата Баглак и во селото Кошари, пријавените со употреба на физичка сила и упатување на закани спречувале службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство Скопје при заловување, товарење и транспорт на крупен добиток.
