На подрачјето на Крива Паланка во последните 24 часа се случиле два пожари.
Во едниот пожар, кој избувнал вчера околу 17 часот, во село Длабочица, од територијалната противпожарна единица Крива Паланка информираат дека е опожарена вкупна површина од девет хектари, додека рано утринава избувнал пожар во село Градец, каде се опожарени два хектари шума, бор и листопадни дрвца.
Во гасењето на двата пожари активно се вклучени и екипи на Јавно претпријатие Македонски шими и Подрачно шумско стопанство „Осогово“.
– Во пожарот во Длабочица опожарени се една куќа, две плевни, бандери, родни дрвца околу три декари и останата површина мешана шума и сува трева. Пожарот е локализиран околу 21 часот синоќа, но дел од старите дабови се уште горат. Екипи на ЈП „Македонски шуми“ дежураа во текот на ноќта и нашите пожарникари, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка.
Посочи дека екипите се уште се на терен и работат на целосна ликвидација на пожарот, додека пожарот во село Градец, на локација спроти градската депонија целосно бил ликвидиран во 9 часот утринава.