Достапна виртуелна прошетка низ Крива Паланка за поголема туристичка промоција преку платформата www.macedoniafromabove.mk.
Само со еден клик на следниов ЛИНК ја имате Крива Паланка на дланка со:
најпознатите туристички локалитети;
најдобрите угостителски и
сместувачки капацитети.
– Сите туристи, посетители и љубители на природата можат да ја истражат Крива Паланка, да ги пронајдат брзо и лесно сите локации за незаборавни моменти и прекрасни спомени од градот.
Крива Паланка гостопримливо чека на брегот на Крива и Дурачка Река, нуди раскошна природа, чист воздух, богата традиција, историја, автентична архитектура, меѓународни манифестации, фестивали и незаборавна програма за култура.
Привлечна за љубителите на спортско-рекреативен, планински и алтернативен , гастрономски и еко-туризам.
Посетете ја Крива Паланка во сите 365 денови од годината, велат надлежните од Крива Паланка.
