Девет текстилни работници од Штип отпуштени од работа – одбиле да работат на празник

Девет текстилни работници од Штип се отпуштени, откако одбиле да дојдат на работа на денот на Успението на Пресвета Богородица, кој беше неработен ден за православните верници, пренесува ТВ СТАР.

И покрај тоа што првично им било кажано дека на овој ден нема да се работи, подоцна било побарано само тие 9-мина да се појават на работа, нешто што тие го одбиле:

Кога дошле во вторникот на работа им бил забранет влез во фабриката и добиле устен отказ, кажа Горан Трајков, здруж. Гласно – Штип.

Во шок и неверување, отпуштените работници помош побарале од Здружението Гласно и од трудовата инспекција:

Поднесовме преставка до инспекторатот каде ги наведовме усните откази и очекуваме брза реакција и утврдување на причините за устното отпуштање и прекршување на Законот за работни односи, кажа Трајков.

Инаку станува збор за работници кои во истата конфекција работат од самото нејзино отворање, таму поминале по 15 и повеќе години и останале лојани на сопствениците.

Сега, се категорични дека своите права ќе ги бараат по сите надлежни инстанци, а веќе е покренаата и тужба пред Основниот суд во Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e