Четири години беа доволни да се види вистинското лице на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром – неспособност, незаинтересираност и нула исполнети ветувања. И Тимчо Муцунски пред да стане министер, и неговиот наследник Дејан Митески – ветуваа сѐ и сешто: „хумана урбанизација“, нови градинки, училишта, паркинзи, велосипедски патеки, зелени површини, па дури и „смарт општина“, вели Марко Данилоски, кандидат за советник на СДСМ во Советот на Град Скопје.
Денес, по четири години – граѓаните гледаат спротивното.
Аеродром е запуштен, обраснат со треви и ѓубре.
Ниту еден клучен реализиран проект, само планови и празни изговори.
Ниту една нова градинка, ниту едно ново училиште.
Од ветените 6 кружни текови – ниеден не е изграден. Од 3000 нови паркинг места – само две мали паркиралишта. Вело-дромот, велосипедските патеки и Rent-a-bike системите – остануваат само желби.
Парковите од 100.000 м² што ги ветуваа – не постојат.
Ветуваа таблет за секое дете од прво до деветто одделение, смарт табли во секоја училница и нула дополнителни трошоци во градинките.
Денес сведоци сме дека ниту има таблет за секое дете, ниту има табли во секоја училница.
Родителите редовно собираат дополнителни средства за тонери, хартија, течен сапун и влажни марамчиња.
Од годинава училиштата останаа и без обезбедување.
Дејан Митески денес води општина во целосен хаос и без резултати.
Ова е слика на нефункционално, партизирано и неодговорно владеење.
Аеродром заслужува чесно, посветено и одговорно управување – луѓе што работат за граѓаните, не за партијата.
Власт што слуша и не бега од одговорност.
Аеродром може и мора да биде модерен, зелен и функционален дом за сите.
Затоа на 19 октомври заедно ќе се избориме за нашиот дом! За нашиот Аеродром! – порача тој во видео обраќање.